Вовед во безбедноста на интернет

Ајде да погледнеме некои основни совети како да бидете безбедни кога сте онлајн.

Безбедност на компјутерот и е-поштата

Некои од главните опасности кога сте на интернет се:

  • вируси (viruses) – злонамерен софтвер што може да се шири од еден на друг компјутер преку интернет. Некои се само здодевни, но други можат да ви го оштетат уредот и да ви украдат личните податоци
  • тројанци (trojans) – исто така злонамерен софтвер, но изгледа невино или измамнички. На пример, една електронска понуда што наводно може да го го направи вашиот компјутер побрз (make your computer run faster) може да ве измами да преземете датотека што содржи злонамерен софтвер
  • шпионски софтвер (spyware) – злонамерен софтвер што може да украде информации како што се лозинки и банкарски детаљи, понекогаш со следење на копчињата што ги притискате на тастатурата.

Ова, се разбира, е многу загрижувачко, но добро е што постојат чекори што можете да ги преземете за да се заштитите себеси и компјутерот од електронски закани. Тие вклучуваат:

  • користење на противвирусен софтвер (anti-virus software) – на располагање ви стојат бесплатни и платени верзии и тој софтвер може да ви помогне да најдете, запрете и отстраните вируси од вашиот компјутер
  • протившпионски софтвер (anti-spyware software) – ви помага да запрете кражба на вашите податоци и често може да доаѓа во пакет со угледен противвирусен софтверски пакет
  • одржување на ажурираноста на софтверот за безбедност на интернет, прегледувачите, системските поставки и оперативниот систем. Овие програми може да се постават да се ажурираат автоматски во заднина, за да не заборавите. Заканите на вирусите и злонамерните софтвери се менуваат брзо, па ажурирањето на вашиот компјутерски софтвер е основно за да можете да бидете безбедни на интернет
  • навремено обновување на годишните претплати за противвирусни софтвери и друг заштитен софтвер
  • да бидете во тек со најновите измами и вируси така што ќе ја проверувате интернет-локацијата на Австралиската влада cyber.gov.au.

Други безбедносни совети

Треба да бидете дополнително внимателни да не го изложите компјутерот на злонамерен софтвер следејќи некои основни мерки на претпазливост, коишто вклучуваат:

  • да размислите внимателно пред да отворите прилози на е-пошта или пред да кликнете на врски во е-пошта, текстови или на интернет-локации во кои немате доверба. Запомнете, вашата банка или владини агенции никогаш (never) нема да ви го бараат корисничкото име, лозинката или други информации за лична идентификација.
  • ако примите е-порака од пријател, но таа ви изгледа чудно, прашајте го пријателот дали навистина ви ја испратил пораката, бидејќи и пријателот можеби бил хакиран. Ова особено важи за објавите и пораките од социјалните мрежи.
  • пребарајте информации за угледот на некоја компанија пред да вршите електронски трансакции, особено ако купувате нешто од неа.
  • често правете резервни копии од важните информации на вашиот компјутер. Ако компјутерот ви се зарази, сепак ќе имате пристап до сите важни датотеки.

Како да ги користите личните податоци на интернет

Понекогаш е неопходно да ги дадете вашите лични податоци на интернет, но постојат граници колку информации треба да споделите и да ги познавате вашите права.

  • Давајте информации само кај легитимни компании ако треба да го потврдите вашиот идентитет.
  • Одбегнувајте да објавувате лични податоци (датум на раѓање, домашна адреса итн.) на јавни форуми како што е Facebook. Криминалци може да ги користат вашите лични информации за кражба на идентитет.
  • Законите регулираат како приватните компании ги користат личните информации. Во Австралија тоа е Законот за приватност од 1988 г. (Privacy Act 1988).
  • Законот за слобода на информации од 1982 г. (Freedom of Information Act 1982) може да важи за информации што им ги давате на владини тела.
  • Угледните компании имаат политики во врска со грижата за личните податоци. Прочитајте ги тие политики на нивните соодветни интернет-локации.
  • За повеќе информации за правата на потрошувачите или ажурирани информации како да се заштитите од измами, посетете ја интернет-локацијата за Потрошувачи (Consumers) на Австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи (ACCC).

Електронски плаќања и шифрирани интернет-локации

Купувањето производи на интернет може да биде практично, па еве неколку брзи начини што ќе ви помогнат да плаќате безбедно:

  • Дали компанијата од која сакате да купите има добар углед? Поверете ги политиките за приватност и враќање на нејзината интернет-локација. Користете машина за пребарување за да дознаете повеќе за компанијата од независни извори.
  • Купувајте користејќи кредитна картичка (credit card) или PayPal. Овие две опции нудат некаков облик на заштита на купувачот.
  • Пред да ги внесете податоците на вашата кредитна картичка на некоја интернет-локација, проверете ја адресната лента (address bar) на вашиот прегледувач. Една шифрирана локација би требало да биде означена со катанец и треба да почнува со https:// (а не само со http://). Шифрирањето ги чува податоците што се праќаат кај и од интернет-локацијата скриени од други.

Како да го заштитите вашето семејство

Можеби ви се чини дека вашите деца и внуци ги користат компјутерите и другите уреди со голема самодоверба, но тие имаат помало искуство за вистинскиот свет и се повеќе изложени на опасности од:

  • гледање несоодветен материјал на интернет
  • откривање на нивните лични податоци на други лица на интернет
  • малтретирање и вознемирување.

Постојат нешта што можете да ги направите за да се заштитите себеси и семејството да бидете безбедни на интернет, а меѓу нив се:

  • на компјутерот или уредот на детето поставете корисничка сметка само за него и вклучете ја родителската контрола
  • минимизирајте го нивното користење на машини за пребарување така што ќе ги приспособите поставките. На Google, вклучете ја функцијата SafeSearch. На Yahoo! изберете ја Yahoo SafeSearch и поставете ја на Строго. На Bing, вклучете ја функцијата SafeSearch.
  • поставете ја YouTube во ограничен (restricted) режим, заедно со сите останати локации за видеозаписи.
  • разговарајте со детето или внучето за опасностите со кои можат да се соочат на интернет.
  • за подетални совети за овие и други аспекти на безбедноста на интернет, посетете ја интернет-локацијата на Комесарот за e-безбедност на https://esafety.gov.au.